Раскинаа Хали Бери и Алекс да Кид

Американските медиуми пишуваат дека актерката Хали Бери и продуцентот Алекс да Кид ја раскинале врската. Тие неодамна беа на патување на Бора Бора, но веднаш по враќањето решиле секој да замине по својот пат.

За проблемите во врската се пишуваше и претходно, откако папараците го фотографирале Алекс со непозната девојка.

Ова е прва јавна романса на актерката, откако пред една година се разведе од третиот сопруг, францускиот актер Оливие Мартинез.

Scroll to Top