Ријана како Нефертити на насловната на „Вог“

Ријана се најде на насловната страница на ноемвриското издание на списанието „Вог Арабија“. Овој пат инспирација на фотографот била египетската божица Нефертити.

„Го посветуваме едиторијалот на силни и динамични жени кои го менуваат светот. Ријана е една од нив. Таа не е само една од најуспешните поп-икони на сите времиња, која ја оформува забавната индустрија со нејзините моќни мелодии и уникатното чувство за стил, туку таа е личност што се залага за разновидност“, вели Мануел Арнаут, уредникот на списанието.

И самата пејачка е воодушевена од грчката божица и на своето тело има тетоважа од Нефертити.

Scroll to Top