Ријана во бело на погребот на убиениот братучед

Поп-ѕвездата Ријана облечена во бело присуствуваше на погребот на својот братучед Тајвон Кајсин. Тајвон беше убиен на Барбадос на Божик, само еден ден откако го прославил празникот заедно со Ријана. Нејзината облека предизвика бројни реакции на социјалните мрежи: бел фустан, бели патики и синџирче со дијамантски крст.

Ријана не беше единствената облечена во бело, целото нејзино семејство и пријателите на Тајвон на погребот носеа бела гардероба.

Белата облека е стандардна за погребите на Барбадос, исто како и кај будистите и муслиманите. Христијаните, пак, носат црнина, но ова не е црковно правило туку народен обичај за да се изрази тага по загубата на некој близок.

Scroll to Top