Роберт де Ниро ја посети Црна Гора

Славниот актер Роберт де Ниро, повторно е во Црна Гора, поточно на Свети Стефан, каде учествуваше на четвртиот „Глобал Цитизен форум“, на кој се дискутираше за климатските промени. Холивудскиот суперстар нагласи дека му се допаѓа Црна Гора и дека би сакал во оваа земја да сними филм.
„Пејсажите во Црна Гора се импресивни. На драго срце би го снимил следниот филм овде, доколку овозможите добри услови“, изјави Де Ниро пред црногорските официјални лица кои го примија.

Видете како изгледаше неговата средба со црногорскиот премиер Душко Марковиќ.

Scroll to Top