Роби Вилијамс повеќе нема да ја пее Angels на концертите

Дури и луѓето што не го сакаат Роби Вилијамс признаваат дека неговиот хит Angels e една од најубавите песни што ги има снимено во последните 25 години, па затоа и не чуди тоа што неговите фанови занемеа од шок кога Роби им соопшти дека оваа песна повеќе нема да ја пее на концертите.

Доволно е да се каже: „Angels“ во живо, тоа е незаборавно искуство. Ако не сте биле на концертот на Роби во Белград, доволно е да ја погледнете во живо снимката од неговиот настап и се ќе ви биде јасно.

А Вилијамс својата одлука ја образложил:

„Секој пат морам да се воздржам да не заплачам и да не изгледам патетично. Ќе ги погледнам луѓето во публиката кои на почетокот на песната ќе подигнат слики од своите родитеи кои починале, и ќе си помислам: „Боже, сега ќе заплачам“. Тоа многу емотивно ме исцрпува.

Песната „Angels“ е објавена во декември 1997 година, а во 2005 година, во Велика Британија е прогласена за најдобра песна во последните 25 години.

 

 

Scroll to Top