Се породи Бехати Принсло

Ангелот на „Викторијас сикрет“ Бехати Принсло денес ја роди својата втора ќерка, Џио Грејс. Таа и сопругот Адам Левин, пејачот на „Марун 5“ веќе ја имаат ќерката Дасти Роуз.

Адам и Бехати се венчаа во 2014 година и важат за еден од најубавите парови во Америка. Во септември 2016 година се роди Дасти Роуз, а во септември 2017 година објавија фотографија од трудничкиот стомак на Бехати со порака „Втора рунда“.

Мајката и бебето се чувствуваат добро и наскоро ќе бидат пуштени дома.

Scroll to Top