Се разведува МекСтими од „Вовед во Анатомија“

По 14 години брак се разведуваат актерите Ерик Дејн и Ребека Гејхарт. Барањето за развод го поднела Ребека која веќе не можела да се бори со проблемите на Дејн.

Актерот познат по улогата на МекСтими во серијата „Вовед во анатомија“ во 2011 година заминал на лекување од зависност од апчиња, оти претходно доживеал повреда на коленото и почнал да пие многу лекови. Во меѓувреме се борел о со депресија, па престанал да глуми.

Во заедничкото соопштение испратено до медиумите, двајцата актери напишале дека и понатаму ќе останат пријатели и дека ќе се грижат заедно за воспитувањето на нивните две ќерки.

Scroll to Top