Се разведуваат Вил и Џејда Смит

Вил Смит и Џејда Пинкет Смит се разведуваат по 20 години брак. Иако тие неодамна ги демантираа пишувањата за разводот, порталот Radar Online пишува дека двојката живее одвоено и тоа откако нивните деца се иселиле од нивниот дом и почнале самостоен живот.

Според нивните пријатели, ни брачното советувалиште не дало плод, па двојката сега ќе треба да го дели имотот што се проценува на 270 милиони долари.

„Речиси воопшто не минуваат време заедно, но нивните пријатели и понатаму се надеваат дека ќе сфатат колку се сакаат. Работата е што тие навистина се сакаат, но не се традиционален брачен пар. Ниту еден од нив не го сака претерано она чувство на врзаност“, рекол извор за порталот.

Вил и Џејда имаат две деца, синот Џејден и ќерката Вилоу.

Scroll to Top