Серена Вилијамс ќе се венча во Њу Орлеанс, а покани само 250 луѓе

Серена Вилијамс и Алексис Оганјан планираат да се венчаат во Њу Орлеанс, а поканија само  250 луѓе.

Пред два и пол месеци тие и двајцата станаа родители на ќерка Олимпија Алексис.

Сега доаѓа свадбата. Се знае дека тенисерката избрала нежен пастелен тон за свадбениот фустан, пишува Us Magazine.

Според изданието, Серена исто така подготвила женска забава во Њујорк. Вечерта започнала во ресторан, а подоцна девојките се качиле во посебен автобус за забави кој ги возел низ Менхетен.

Забавата завршила во ноќен клуб каде што друштвото се забавувало до три наутро.

Scroll to Top