Шакира откажа 17 концерти

Шакира откажа 17 концерти за кои билетите веќе се распродадени. Докторот не ѝ дозволува да пее поради крв на гласните жици.

„Во текот на сите овие години никогаш не сум се соочила со ваква ситуација. Не можам да го дочекам моментот кога ќе се вратам на сцената и да ве слушнам како пеете со мене”, рекла Шакира.

Пред извесно време се шпекулираше дека Шакира има проблеми со здравствената состојба, но пејачката изјави дека се работи за нешто минливо и дека брзо се враќа на сцената, но очигледно не е така.

Кога нејзиниот доктор забележал крв на нејзините гласни жици, сфатиле дека нешто не е в ред со неа. Познатата пејачка боледува од тешко воспаление на гласните жици, состојбата се влошила, а се смета дека лекувањето ќе потрае подолго.

Scroll to Top