Шерон Стоун ги сподели тајните за нејзиниот изглед  

Холивудската актерка Шерон Стоун (59) е една од ретките која природно старее и не користи ботокс или инјекции. Но, актерката особено се грижи за своето тело, лице и коса и тоа јавно го споделува со нејзините обожаватели. Стоун   потенцира дека многу е важна секојдневна нега на лицето, кое таа го чисти со мицеларна вода, квалитетни влажни марамчиња за отстранување на шминката и кремови за хидратација.

Шерон Стоун открива дека избегнува да пие кафе и да јаде тешко сварлива храна. Актерката вежба секојдневно, но вели дека никој не треба да претерува со вежбањето. Во однос на храната, таа вели дека најчесто бира риба во однос на друго месо.

Scroll to Top