Шинејд О’Конор: „Живеам сама и напуштена, кога ќе заболиш сите те третираат како г***о“

Шинејд О’Конор објави снимка на фејсбук во која открива дека има суицидни мисли и дека живее сама во хотел во Њу Џерси, откако сите се откажале од неа.

Педесетгодишната пејачка објави видео на својата страница на фејсбук и во него соопштува дека е препуштена сама на себе веќе две години бидејќи ниту на Ирска ниту на нејзиното семејство не им е грижа за неа.

– Препуштена сум сама на себе. Живеам во хотел и не постои никој во мојот живот, освен мојот лекар, психијатарот, најпрекрасниот човек на светот кој вели дека сум негов херој. Токму тоа ме одржува во живот, фактот дека сум негов херој, што е прилично патетично. Менталната болест е како дрога – не ја интересира кој сте. А знаете што е најлошо? Ниту срамот не го интересира кој сте? – вели пејачката.

О’Конор објаснува дека имала три ментални болести и дека го чекала семејството да и помигне и да ја одведе дома.

– Деца мои, дали вас ви е прифатливо вашата мајка да живее во хотел? Не вредам да се борите за мене? Џон Рејнолдс, јас сум мајка на твоите три деца. Се ти дадов… Да, пишував бесни мејлови и глупости по фејсбук, па што? – вели во видето пејачката на која пред многу години сите и завидуваа на прекрасниот глас.

Scroll to Top