Снимка од Тарантино како го брани Полански дека не силувал 13-годишно девојче

Снимка стара 15 години, во која Квентин Тарантино во емисија на водителот Хауард Стерн го брани својот колега, режисерот Роман Полански, кој е обвинет дека спиел со 13-годишно девојче, се појави во јавност.

Полански во далечната 1977 година имал сексуални односи со малолетната Саманта Гејмер (која денеска има 54 години).

Роман ја призна вината дека спиел со малолетничка, а за да не заврши во затвор, побегнал од Америка во Франција. Квентин Тарантино во ова интервју изјави дека не го смета Полански за силувач, па ја обвини Саманта.

„Полански не силувал 13 годишно девојче. Според законот, тоа било силување. Но, тоа не е иста работа. Да, имал секс со малолетничка, но тоа не е силување. Таа девојка знаела во што се впушта. Според мене, силување може да се користи само кога се говори за насилен секс, фрлање на земја и тоа е еден од најгрубите злосторства во светот“, изјави Тарантино, кој тврдел дека Полански е виновен само поради тоа што спиел со малолетна девојка, но не и поради силување.

„Тоа не е случај на силување. Говориме за американски морали, не за оние во Европа и насекаде низ светот“, изјавил Тарантино.

Scroll to Top