Софија Вергара сака повторно да стане мајка

Популарната холивудска актерка Софија Вергара во последниве месеци на црвениот килим најчесто се појавува со својот 25-годишен син, Маноло. Тој е единственото дете на актерката, кое го родила кога имала само 18 години.

Но, се чини дека Софија и нејзиниот сопруг, актерот Џо Манганиело планираат да го прошират семејството.

„Џо е помлад од мене. Има 38 години и нема деца. Како да го одбијам? Му реков дека мораме да станеме родители поскоро, зашто не сакам да наполнам 50 години и да родам бебе“, изјави актерката.

Scroll to Top