Страшно ја излажал, па морал брзо да ја побара за жена за да не го напушти

Ченинг и Џена Татум важат за еден од најсреќните парови во Холивуд, а нивната приказна започна на снимањето на филмот „Степ ап“.

Ченинг по долго време реши да открие една мала тајна за моментот ога ја побарал за жена својата сегашна сопруга и, мора да признаеме, не е воопшто романтична.

„Кога ја побарав Џена за жена направив нешто многу злобно бидејќи мислев дека ми ја открила намерата. Буквално ѝ кажав дека не сакам да се женам за да ѝ ги оттргнам мислите и да не сфати што правам“ – признава тој.

„Ѝ кажав дека не верувам во бракот и мислам дека не сакам никогаш да се оженам. Таа почна да плаче. Сфатив дека планот не оди во добра насока, па морав да ја побарам за жена што побрзо“ – продолжи актерот.

Ченинг клекна на колена во 2008 за време на нивното патување  во Хаваи, а и покрај ужасната шега, Џена секако прифати. На свадбата тие изгледаа прекрасно.

Scroll to Top