Сценариото за „Појадок кај Тифани“ продадено за 630.000 фунти

Аукциската куќа „Кристис“ организираше продажба на предмети од личната колекција на Одри Хепберн. Сите предмети беа продадени за преку 4,6 милиони долари.

Најскапо беше продадено оригиналното сценарио од нејзиниот најпознат филм „Појадок кај Тифани“, кое содржи и лични белешки на актерката, а достигна цена од 630.000 фунти.

Меѓу продадените предмети е и нараквица која на Хепберн ѝ ја подарил режисерот Стивен Спилберг со изгравирана порака „Ти си мојата инспирација“, а која се продаде за 332.750 фунти. На аукцијата беа продадени и фотографии од актерката, парчиња гардероба и колекција накит, како и мебел од нејзината куќа.

Scroll to Top