Тејлор Свифт и купи куќа на бремна жена оти останала без дом

Тејлор Свифт ѝ купила куќа на своја бремена обожавателка, откако дознала дека таа останала без дом. Обожавателката Стефани ја дознала веста додека ја чекала Тејлор зад сцената по концертот одржан во Манчестер.

Стефани била во осмиот месец од бременоста кога останала без станот во кој живеела со момчето, а во исто време нејзиното момче останало без работа.

„Одлучив да ти помогнам, да ти купам куќа и сè што е потребно за раѓањето на твоето девојче. Сакам да уживаш во секој момент поминат со ќерката и да не мораш да се грижиш за ништо“ ѝ рекла Тејлор на Стефани.

Тејлор е позната по хуманите гестови. Таа на своите фанови им праќа подароци, им помага во отплатата на долговите и учествува и во покривањето на медицинските трошоци.

Scroll to Top