Том Круз и Џони Деп номинирани за „Златна малина“

Во Холивуд една недела пред доделувањето на Оскарите, традиционално се доделуваат наградите „Златна малина“. Оваа награда се доделува за најлошите филмски остварувања во годината. Според Rotten Tomatoes, во категоријата најлош актер се номинирани Том Круз, Марк Валберг, Џони Деп, Зак Ефрон и Џејми Доран, а за најлоша актерка се номинирани Ема Вотсон, Џенифер Лоренс, Кетрин Хигл, Дакота Џонсон и Тајлер Пери.

Доделувањето на наградите „Златна малина“ ќе се одржи на 3 март. Номинираните речиси никогаш не доаѓаат на доделувањето на наградите. Една од ретките што се појави да си ја земе наградата е Хали Бери, која на доделувањето на наградите дојде со освоениот Оскар.

Scroll to Top