Томи Ли кривично го гони синот на Памела Андерсон

Томи Ли не се откажува од кривичната пријава која ја поднел против родениот син Брендон, а причината за тоа е што верува дека детето кое ќе направи нешто погрешно треба да одговара за тоа.

Томи сака полицијата да ја продолжи истрагата против неговиот 21 годишен син, а доколку дојде до тоа да Брендон биде кривично гонен, Ли нема ништо против тоа.

Како што пренесува ТМЗ, Томи смета дека неговата поранешна сопруга Памела Андерсон стои зад бесот на Брендон. Кога Брендон минатиот понеделник го удрил Томи, музичарот бил надвор од контрола цели две минути. Томи Ли, особено е љут поради коментарот на Памела кој го дала за ТМЗ.

„Го удри во носот во име на сите нас кои не повреди“, изјавила Памела.

Томи верува дека Памела го предизвикала Брендон на таков потег, откако Ли на социјалните мрежи ја искритикува, затоа што во една ТВ емисија отворено зборувала за насилието во нивниот брак. Томи Ли смета дека Памела му внела на детето таков бес, што тој отишол во собата на татко му, подготвен да се тепа.

Од друга страна, Брендон изјавил дека татко му го удрил во самоодбрана, а тоа што е прилично шокирачко е приказната дека Брендон го снимал татко му додека бил без свест, а за тоа време се смеел.

Томи Ли верува дека Брендон таа снимка ја испратил на Памела за да и докаже што направил. Но, плејбој зајчицата тоа го демантира“.

„Јас нема да го толерирам тоа што Брендон го направи, и поради таа причина кривичната постапка ќе продолжи. Барем засега“, велат пријателите на бубњарот.

 

Scroll to Top