Тори Спелинг и Џени Гарт потврдија ново шоу на „Беверли Хилс“

Актерките Тори Спелинг и Џени Гарт, ѕвездите на серијата „Беверли Хилс 90120“, најавија ТВ шоу засновано на приказната од легендарната ТВ сапуница.

Првите информации говорат дека не се работи за продолжение на приказната, туку за уште една т.н. „рибут“ преработка (со видоизменета приказна и елементи).

Освен Спелинг и Гарт, главните улоги во сапуницата ги толкуваа Џејсон Пристли, Шенон Доерти, Ијан Зиринг, Габриел Картерис и Лук Пери. „Беверли Хилс 90120“ оригинално се прикажуваше од 1990 до 2000, а првата преработка, со сосем нова актерска екипа, ја доживеа во 2008 година.

Повеќе детали за новиот проект засега не се откриваат.

Scroll to Top