Тупаници и клоци од сопругот, Тина Тарнер жртва на малтретирање  

Популарната пејачка Тина Тарнер наполни 78 години. Родена на 26 ноември 1939 во Нетбуш,Тенеси, денес живее мирно и повлечено во својата вила во Швајцарија. Таа изминатиов период го подготвува мјузиклот „Тина“. Тарнер е жртва на малтретирање од страна на поранешниот сопруг Ајк Тарнер со кого беше во брак од 1962 до 1978 година.

Го запознава Ајк во еден ноќен клуб кога имала 19 години и веднаш почнуваат да соработуваат, а првиот хит „River Deep, Mountain High” ќе ги донесе на топ-листите. Ајк почнал да ја малтретира Тина секојдневно, особено кога заедно оделе на турнеи. „Тоа беа силни тупаници, клоци поради кои завршував со модринки и крв“, изјавила Тина Тарнер за медиумите.

Во 1976 година, кога го напушти, Ајк изјави:„Може да добие сè освен моето име“. Тој во 2007 година починал под прекумерна доза кокаин.

Во 1985 година се запознава со музичкиот продуцент Ервин Бах со кого поминува 27 години во врска

Во 1985 година се запознава со музичкиот продуцент Ервин Бах со кого поминува 27 години во врска, а одлучуваат да се регистрираат во 2013 година.

Последниве неколку години работи на својот однос со синовите од бракот со Ајк, кои, пак, од друга страна биле долго време под влијание на својот татко.

И на 78 години поп-иконата Тина Тарнер изгледа одлично. Вели дека јогата и медитирањето ја одржуваат млада и здрава.

 

 

 

 

 

 

 

Scroll to Top