Со тужби против папараците славните личности ја штитат приватноста

Погледнете ја листата на познати личности кои поднеле тужба против папараци што ја преминале границата на коректно однесување:

Џорџ Клуни

Џорџ Клуни отсекогаш мразел сè што е поврзано со папараците и заедно со неговата сопруга Амал, се трудат да го скријат нивниот приватен живот.

Последниот скандал настана кога еден папарацо објави фотографии од нивните близнаци додека беа на одмор во Италија во магазинот Voici. Клуни најави тужба и против него, и против магазинот.

 

Хали Бери и Џенифер Гарнер

Во обид да ги заштитат своите деца, познатите актерки побараа правна помош за инциденти со папараци кои „крвнички“ се обидувале да ги фотографираат нивните деца.

Според нив, искуствата со папараците се трауматични за децата, па започнаа и иницијатива со цел да се промени законот во Соединетите Американски Држави, со кој децата на познатите ќе уживаат поголема заштита.

 

Кејт Мидлтон и Принцот Вилијам

Во 2012-та, францускиот магазин Closer објави фотки на кои Кејт е во топлес издание. Фотките беа направени без дозвола на парот, додека биле на одмор во Франција.

Тие побараа магазинот да плати казна од 1,5 милиони евра за нарушување на нивната приватност.

 

Џенифер Анистон

Познатата актерка со години води војна со папараците. Во 2003-тата, поднесе тужба против папарацо кој се качувал на ѕид во соседната куќа за да ја фотографира Анистон топлес.

Во 2016-тата, Анистон напиша долг есеј за Huffington Post во која објаснува дека ѝ е преку глава од голите фотографии и начинот на којшто се третирани жените во Холивуд.

 

Адел

Адел и нејзиниот сопруг Сајмон Конецки, ги тужеа Corbis Images за објавување на фотки од значајни моменти од животот на нивниот син Анџело – првиот роденден, првата прошетка и сл.

Судот пресуди во нивна корист, а освен парична казна, пејачката побара фотографиите да се тргнат и никогаш повеќе да не се појават на интернет.

 

Scroll to Top