„Ју ту“ се дoбитници на престижното признание MTV Global Icon

Ирскиот рок состав „Ју ту“ е овогодишен добитник на престижното признание MTV Global Icon, кое ќе им биде врачено на  12 ноември на претстојното МТВ ЕМА доделување во Лондон.

Бендот ќе го одбележи овој настан со голем бесплатен концерт на лондонскиот плоштад в сабота, 11 ноември, а дел од настапот ќе биде емитуван следната вечер во текот на МТВ ЕМА  доделувањето.

Покрај бендот „Ју ту“, MTV најави дека светската диџеј ѕвезда Дејвид Гета исто така ќе настапи в сабота на плоштадот, но и на самото доделување в недела, на 12 ноември, каде премиерно ќе го изведе својот нов сингл „Dirty Sexy Money“.

Овогодишните добитници на MTV Global Icon награда, Боно, Еџ, Лери и Адам, кои веќе четири децении го сочинуваат „Ју ту“, еден од најголемите бендови на сите времиња, зад себе имаат 13 студиски албуми во повеќе од 157 милиони копии, дури 23 Греми награди, номинации за Оскари и се членови на Рокенрол куќата на славни личности од 2015 година.

Scroll to Top