Убиен братучед на Ријана

Поп-ѕвездата Ријана на социјалните медиуми објави фотографија со својот братучед Тавон, кој е убиен на Божик.

„Почивај во мир, братче. Не можам да верувам дека синоќа те гушкав. Никогаш не помислив дека тоа ќе биде последен пат да ја почувствувам топлината на твоето тело. Ќе те сакам засекогаш“, напишала пејачката.

Таа открила дека Божик го поминала во друштво на својот 21-годишен роднина, кој е убиен на улица на Барбадос. Тој се шетал на улицата, каде што неколку пати бил застрелан од непознат маж.

 

Scroll to Top