И Ума Турман била злоставувана од Харви Вајнштајн

Актерката Ума Турман на својот инстаграм-профил постави фотографија под која напиша дека и таа била жртва на сексуално злоставување од Харви Вајнштајн. Таа во пораката напишала дека е благодарна што е жива и го дополни постот со хаштагот #MeToo, со што алудираше на тоа дека е жртва на Вајнштајн.

„Среќен ден на благодарноста! Освен на тебе Харви и на твоите зли соработници. Среќна сум што работите одат полека, зашто ти не заслужуваш куршум“, напишала таа.

Фотографијата што ја објавила е од филмот „Убиј го Бил“ и нејзиниот лик Беатрикс Кидо. Филмот беше продуциран од „Мирамакс“ чии основачи се Харви и неговиот брат Боб Вајнштајн. Вајнштајн е обвинет од бројни жени за сексуално злоставување, а хаштагот metoo го користат жените кои биле негови жртви. До сега 93 жени го обвинија Вајншајн за злоставување.

Scroll to Top