Усеин Болт почнува да тренира со „Борусија Дортмунд“

Најбрзиот човек на светот, Усеин Болт, утре ќе започне да тренира со германскиот фудбалски клуб „Борусија Дортмунд“, потврдија од клубот.

„’Борусија Дортмунд’, бидете подготвени во петок“, порача Болт преку „Твитер“ и додаде дека не се шегувал кога зборуваше за своите фудбалски желби.

И управата на клубот потврди дека 31-годишниот Болт утре ќе тренира со тимот и дека тренингот ќе биде отворен за јавноста. Јамајканецот лани ја прекина својата тркачка кариера по Светското првенство во Лондон. Тој многупати рече дека сака да започне фудбалска кариера и не крие дека е голем фан на „Манчестер јунајтед“.

Scroll to Top