Вечер се доделуваат Ем-ти-ви наградите во Лондон

Вечер се доделуваат Ем-ти-ви наградите во Лондон.  Настанот по повќе од 20 години , за прв пат се одржува во британската престолнина. Британската пејачка Рита Ора ќе ја води церемонијата во Вембли Арената.

Тејлор Свифт се очекува да биде голем победник на ноќта. Американската поп-сензација беше номинирана во шест категории само два дена по објавувањето на шестиот албум “Репутација”. Сé уште не е сигурно дали ќе биде присутна во живо.

Најпродаваниот рапер Еминем ќе ја претстави својата единствена нова песна “Walk On Water“ пред да го објави својот најнов албум Revival, кој е објавен во петокот.

Другите номинации што ќе ги видиме на сцената се кубанско-американските уметници Камила Кабело и канадскиот пејач Шон Мендес. Поголемиот дел од победниците ќе бидат избрани од љубителите на музиката во онлајн гласањето во повеќе од 12 категории.

Основани во 1994 година, Музичките награди на МТВ Европа се вратија во Лондон за прв пат од 1996 година.

Scroll to Top