Венеса Редгрејв ги фатила среде секс својот маж и татко

Актерката Венеса Редгрејв била неколку години во брак со режисерот Тони Ричардсон кога дознала дека е бисексуалец и дека ја изневерува со татко ѝ, актерот Мајкл Редгрејв.

Ванеса започнала страсна афера со Ричардсон, а неговиот цимер се жалел на скршениот мебел и уништената соба што ги затекнал кога Редгрејв преспала во нивниот стан. Кога Тони и Ванеса почнале да живеат заедно, нивниот станодавец ги тужел поради искршениот мебел и скинатите завеси по нивното водење љубов.

Иако сексуалната определба на Тони не била тајна во Холивуд, Венеса не верувала во озборувањата сè додека еден ден не се вратила порано од снимање поради болест и ги затекла во кревет татко ѝ и сопругот. Кога дознала дека се љубовници, татко ѝ ѝ рекол:

„Мила, ти го сакаш, јас го сакам. Не гледам во што е проблемот“.

Денес Редгрејв е омажена за италијанскиот актер Франко Неро со кого го има синот Карл Габриел Неро.

 

Scroll to Top