Ви откриваме – Ким Кардашијан и Кање Вест чекаат трето дете

По ќерката Норт и синот Саинта, Ким Кардашијан, говореше дека сака уште деца, но без оглед на тоа што беше подготвена за уште една бременост, за жал, нејзината здравствена состојба не дозволи да уште еднаш се оствари во улогата на мајка, макар и по природен пат.

Затоа, единствената можност која и преостана е да нејзиниот сопруг Кање Вест и таа пронајдат сурогат мајка која ќе им помогне да се остварат во улогата на родител по трет пат.

Balmain Nights in LA

A post shared by Kim Kardashian West (@kimkardashian) on

Сепак, да се пронајде сурогат мајка и не е така лесна работа. Иако нејзината сестра Кортни Кардашијан и мајка и Крис Џенер беа подготвени на тоа да и помогнат на Ким и некоја од нив да го носи нејзиното трето дете, во новата сезона на ријалити шоуто „Keeping Up With The Kardashians“, Ким и Кање може ќе ги видиме како ја молат Клои да им роди дете, место неа, за да на крајот заклучи дека не сака, и не може да од неа бара такво нешто.

На крајот, Ким Кардашијан, и Кање Вест пронајдоа сурогат мајка која наводно веќе е во третиот месец на бременоста, што би значело дека Ким и Кање повторно ќе станат родители во јануари во 2018 година. Се шушка дека двојката и платила на оваа девојче, која е во доцните 20-ти, 45 илјади долари, а на самата агенција со помош на која и пронајдоа сурогат мајка, платија депозит во износ од реиси 70.000 долари.

Scroll to Top