(Видео) Антонио Бандерас и Милош Биковиќ заедно во руски филм

Холивудскиот актер Антонио Бандерас и најпопуларниот српски актер Милош Биковиќ ги толкуваат главните улоги во рускиот филм „Надвор од границите на реалноста“. Режисери на филмот се Александар Богуславски и Франческо Чинквемани. Тие го опишуваат филмот како авантуристичка приказна со елементи на мистика, романса и трилер моменти.

Дејството се случува во Москва. Талентираниот коцкар Мајкл (Биковиќ) собира група луѓе со хипнотизирачки, телекинетички и телепатски способности за да му помогнат да освои многу пари во казино. Но, се соочува со многу посилен, мистериозен ривал, со што се доведува во опасност самиот, ама и својот тим.

Бандерас, пак, го глуми ликот на Гордон, стар, искусен коцкар. Тој го следи секој чекор на Мајкл и решава дали неговиот план ќе успее или не.

Филмот ќе има премиера во март.

Scroll to Top