(ВИДЕО) Џеј Зи призна дека ја претепал сестра ѝ на Бијонсе во лифтот

Џеј Зи за првпат откри што се случувало по прочуената тепачка во лифт во кој тој го извлече подебелиот крај кога ја нападна Соланж Ноулс.Пред три години вистински хит беше снимката на која се гледа како Џеј Зи ја тепа Соланж Ноулс, сестрата на Бијонсе Ноулс, во лифт.

Видеото стана достапно во јавност, но ниту Џеј Зи, ниту Бијонсе, ниту нејзината сестра не го коментираа.

„Тоа сме ние, такви работи  се случуваат кога две лица ќе се најдат на целосно различни страни, но тоа не значи ништо. Соланж и јас имавме само едно несогласување“, изјави Џеј Зи и додаде дека е во одлични односи со Соланж.

„И пред и по тоа ние бевме во добри односи. Таа ми е како сестра, и секогаш ќе ја штитам. Таа не е само сестра на мојата сопруга, таа е и моја сестра“, изјави Џеј Зи.

А вака изгледаше прочуената тепачка во лифтот:

 

Scroll to Top