(Видео) Кит Харингтон пијан исфлен од бар

Кит Харингтон бил исфрлен од бар во Њујорк, откако почнал да се кара со гостите, да удира на масата за билијар и да се однесува чудно. Сведоците што го снимиле настанот, велат дека бил пијан и дека барал да му донесат уште за пиење. Сопствениците на барот го замолиле да си замине. Кит излегол, но повторно се вратил, по што го исфрлиле надвор од барот.

Харингтон овие денови е во Америка и одмора од снимањето на осмата сезона на серијата „Игра на тронови“. Серијата е номинирана за „Златен глобус“ во категоријата „најдобра телевизиска серија“, а Кит, кој го глуми ликот на Џон Сноу, заедно со Емилија Кларк (Денерис Таргеријан) ќе додели една од наградите.

Scroll to Top