(Видео) Мараја Кери со одличен новогодишен настап на Тајмс сквер

По дебаклот што ѝ се случи минатата година на пречекот на новата година на Тајмс сквер, Мараја Кери и оваа година пееше пред њујорчани. Но, за разлика од лани, овој пат Мараја звучеше одлично. Таа ги испеа Vision of Love и Hero.

По спуштањето на новогодишната топка, долгогодишна традиција во Њујорк, таа на прашањето од водителот Рајан Сикрест за тоа како се чувствува рекла: „Многу подобро од лани“.

И сите дојдени да ја пречекаат Новата година на Тајмс сквер во Њујорк беа задоволни од настапот на Мараја, а социјалните мрежи беа преполни со пофалби за неа.

Scroll to Top