Кон крајот на годината се сумираат резултатите за изминатиот период, а музичкиот канал „Јутјуб“ објави листа на најгледаните спотови за 2017 година.
На трето место со 1.29 милијарди прегледи е Mi Gente од Џеј Болдвин и Вили Вилијам.
Втор по бројот на прегледи е Ед Ширан со 2.71 милијарди прегледи за песната Shape of You.
На првото место е Луис Фонси со Деди Јенки и нивниот хит „Деспасито“, кој собра 4,33 милијарди прегледи.