(Видео) Пинк висеше од зграда на 34. кат и пееше

Американската пејачка Пинк изведе перформанс каков што многумина можат само да сонуваат. Таа настапи на доделувањето на Американските музички награди, а тоа што го изведе на оваа манифестација ги остави многумина без здив.

Пинк висеше заедно со неколку танчарки од зграда што има 34 ката и ја пееше песната Beautiful Trauma.

„Никој од нас не мислеше дека ова е можно. Ова е нешто најморничаво што сум го направила“, напиша пејачката на „Инстаграм“.

Да не прераскажуваме, гледајте го нејзиниот настап.

Scroll to Top