(ВИДЕО) Режисерот на „Титаник“ откри зошто Џек мораше да умре

По 20 години Џејмс Камерун, режисерот на „Титаник“, проговори зошто Џек морало да умре на крајот од филмот. Фановите, пак, со години дебатираат за тоа дали Џек можеше да преживее по потонувањето на бродот.
На вратата на која се спаси Роуз имало доволно место и за Џек, докажа славната емисија „Mythbusters“.
Но, зошто не се случило тоа? По дваесет години режисерот вели:
„Одговорот е едноставен. На 147. страна од сценариото пишува дека Џек умира. Таков беше изборот на сценаристот, па на вратата имаше место само за неа, не и за него. Ова докажува колку публиката лично си ја сфатила смртта на Џек. Ако преживееше, крајот на филмот ќе немаше смисла“, рекол Камерун.

Scroll to Top