(Видео) Роџер Федерер е повторно број еден

Швајцарскиот тенисер Роџер Федерер со вчерашната победа против холанѓанецот Ронин Хас собра доволно поени за да се врати на првото место на АТП листата. Токму ова, според многумина, го прави 36-годишниот Федерер најдобриот светски тенисер на сите времиња.

Кога во понеделник ќе се најде на врвот на АТП листата, Федерер ќе урне неколку рекорд. Федерер ќе биде најстариот тенисер што се искачил на врвот, тенисер со најдолг период помеѓу два престоја на првото место и најдолг период помеѓу првиот и последниот ден на првото место. Федерер го држи и рекордот за најголем број недели поминати на првото место, па тој рекорд сега ќе се зголемува.

Последен пат Федерер беше прв на АТП листата на 4 ноември 2012 година, односно пред 5 години и 106 денови. Досегашен рекордер во оваа категорија беше Андре Агаси со 3 години и 142 дена.

Роџер е најстариот тенисер кој се нашол на првото место. Тој има 36 години, а досегашен рекордер беше Агаси со 33 години.

Третата категорија каде постави нов рекорд е временскиот распон помеѓу првиот и последниот ден кога бил на врвот. Овој рекорд сега изнесува 14 години и 17 денови. Досегашен рекордер беше Рафаел Надал со временски распон од 9 години и 184 денови.

Scroll to Top