(Видео) Силен ветер откри дали Трамп носи перика

Неколку години наназад Американците се прашуваат дали косата на Трамп е вистинска или носи перика. Оваа дилема стана уште поголема откако Трамп стана претседател.

Неодамна на интернет се појави видео на кое се гледа како Трамп се качува по скалите на авионот додека ветерот му ја дува косата. Во еден момент ветерот дувнал толку силно што задниот дел од неговата коса се кренал и открил дека има големо ќелаво место.

„Ја мијам косата со шампон и оставам природно да се исуши. Тоа трае околу еден час. Потоа се чешлам. Да, користам чешел. Се чешлам малку напред, малку на страна. На ист начин ја одржувам косата со години. Јас всушност немам лоша фризура“, изјавил Трамп неколку години пред да стане претседател.

Scroll to Top