(Видео) „Ју ту“ одржа концерт во метро во Берлин

АП (Берлин) – Боно и Еџ од ирското дуо „Ју ту“ одржаа мини концерт во метрото во Берлин. Тие ги изненадија минувачите кои чекаа метро и испеаја неколку од своите најголеми хитови. Бендот е во Германија како дел од промоцијата на нивниот нов албум Songs of Experience. Минувачите ги пропуштаа возовите и го снимаа мини перформансот.

Локалната радиостаница Radioeins на 120 најсреќни слушатели им подели билети за метро-возење со Боно и Еџ.

 

Scroll to Top