Викторија Бекам модно ги усклади таткото и синот

Некогашната пејачка, а сега дизајнерка Викторија Бекам вчера на својот инстаграм-профил објави фотографија од сопругот Дејвид и синот Бруклин.

„Моите згодни момци“, стои на објавата.

Фотографијата на која спортистот и најстариот син носат исти троделни костуми е од свадбена церемонија на братот на Викторија.

Викторија често споделува фотографии од семејни моменти, и постојано кажува дека е горда на семејството и дека ужива во времето со нив.

Така неодамна објави фотографија од сите четири деца заедно, како и тоа дека се радува на враќањето на Бруклин дома за празниците.

Scroll to Top