Викторија дизајнираше кристални чевли со името на Харпер Бекам

Единственото девојче во семејството Бекам, малата Харпер, е миленичка на тројцата постари браќа, но и на родителите Викторија и Дејвид. Дека Харпер е нивна инспирација покажа Викторија кога објави фотографија на која 6-годишното девојче носи кристални влечки од нејзината пролетна колекција за 2018 година.

„Харпер ги обожава кристалните влечки“, напиша Викторија. Овие влечки го носат името на Харпер затоа што се изработени од блескави кристали, а малата Харпер, како секое дете, обожава сјајни работи.

„Логично беше да ги именувам по ќерка ми. Но, мислам дека нема да тргне по моите стапки, модата речиси воопшто  не ја интересира“, рече Викторија.

Scroll to Top