За три години сестрата на Кардашјан ќе стане милијардер

Кајли Џенер набргу ќе стане најбогатиот член во семејството Кардашјан. Иако има само 20 години, таа одамна е веќе милионерка, а според процените на магазинот „Форбс“, полусестрата на Ким Кардашјан до 2020 година ќе стане најголемиот богаташ во фамилијата, што не е мала работа.

Пред една година таа ја лансира козметичката линија „Лип Кит“, чија вредност се проценува на неверојатни 420 милиони долари, а експертите сметаат дека за три години нејзината фирма ќе вреди повеќе од милијарда долари.

Таа долго беше во сенка на своите многу попознати полусестри, Ким, Кортни и Клои, но на крајот се покажа како вистинска мамка за пари.

Се разбира, како и сите други членови од семејството, Кајли се прослави во шоу-програмата „Во чекор со Кардашјан“ и многумина злобно коментираа дека нејзината единствена работа била само да се смее и да позира пред камерите, но Кајли се покажа дека е вистински бизнис-мајстор.

Главно, неа во семејството ја нарекуваат црн коњ, што толкувачите ја означуваат како повлечена или затворена личност која изненадувачки може да блесне и да ги надмине сите во некоја работа.

 

Scroll to Top