Зајачица на „Плејбој“ ѝ била цимерка на Меланија Трамп

Викторија Силвстед, шведска манекенка, била поранешна цимерка на Меланија Трамп. Викторија, која во 1997 година ја добила титулата Playboy playmate of the Year, истата година живеела со Меланија во Париз, каде што двете дошле како млади манекенки со желба да остварат успешни кариери како модели, пренесува „Пејџ сикс“.

Викторија неодамна открила дека порано ја исмејувала Меланија поради лошиот англиски јазик и силниот балкански акцент, кој и денес го има. „Зборува англиски како вчера да дошла од Словенија. Но, Меланија никогаш не сакаше внимание. Беше многу тивка и повлечена. Доколку разговараше со луѓе и го користеше англискиот јазик, нејзиниот акцент сигурно ќе се подобреше, но таа едноставно не сакаше да се обидува”, изјавила Викторија.

Поранешните цимерки се сретнале и разговарале минатата година кога Викторија заклучила дека Меланија воопшто не се променила.

„Истата е. И натаму сака луксузни работи и го има тој ужасен акцент”, рекла таа.

 

 

Scroll to Top