Жена ми е секси

Актерот Том Хенкс 29 години е во брак со Рита Вилсон. Тој неодамна даде интервју во кое раскажа за приватниот живот и изјави дека по три децении и понатаму е вљубен во својата жена. Новинарот прокоментирал дека неговата сопруга и денес изгледа одлично.

„Навистина е така“, рекол Хенкс. „Понекогаш ја гледам наутро со разбушавена коса… тотално секси.“

Том Хенкс и Рита Вилсон се запознале 1981 година кога таа се појавила на снимањето на комедијата во која глумел Хенкс. Соработувале на снимањето на филмот „Волонтери“ 1985 година. откога се заедно.

Во едно дамнешно интервју Хенкс рекол дека двајцата веднаш почувствувале искри кога се запознале.

„Едноставно, само се погледнавме и тогаш ‘пукна’, тоа беше тоа. Ја прашав Рита дали тоа е она што навистина го сака и не можеше да одбие“, раскажал тој.

Scroll to Top