Жур со Стинг, Кајли Миног и Том Џонс за роденденот на кралицата

Кралицата Елизабета Втора на 21 април го прославува својот 92. роденден, а во таа чест Би-би-си приредува концертна забава.

Меѓу ѕвездите што ќе бидат специјални гости на прославата се Стинг, Шеги, Кајли Миног, Шон Мендес, Крег Дејвид, сер Том Џонс, Ен Мери и хорската група од Јужна Африка „Лејдисмит блек мамбазо“.

Најдобриот дел, пишува магазинот „Тајм“, е дека концертот, што ќе се пренесува на Би-би-си во Британија, е отворен за гостите што ќе дојдат до билети за настанот во „Ројал Алберт хол“. Најевтиниот чини 32 долара.

– Само затоа што кралицата полни 92 години, не значи дека скромно ќе прослави. Роденденската забава на Елизабета Втора ќе биде многу полежерна од вашата – коментира „Тајм“.

Scroll to Top