Филмот на мексиканскиот режисер Гилермо дел Торо, „Формата на водата“, е награден со највисокото признание на годинешниот филмски вестивал во Венеција, „Златен лав“.
На доделувањето на наградата мексиканскиот режисер изјави:
„Доколку останете чисти и предадени на својата вера, на она во што навистина верувате, а во мојот случај во чудовишта, тогаш можете да постигнете буквално сè“, рече тој.
Тој додаде дека наградата им ја посветува на сите млади латиноамерикански режисери.