Економските експерти со поддршка и доверба за Кочо Анѓушев

„Економскиот тим, раководен од докажан, успешен и прагматичен стопанственик, мислам дека е најдобриот персонален избор во последните 10-15 години“, вели професорот Абдулменаф Беџети за изборот на проф. д-р Кочо Анѓушев за Вицепремиер за економски прашања.

Со ваквата изјава, како дел од интервју дадено за МКД.мк, професорот Беџети верува во позитивните промени што треба да се случат и во способноста на новите луѓе во економскиот сектор да ги предизвикаат овие промени. Стововите на професорот Беџети коинцидираат со ставовите на Анѓушев и околу странските инвестиции. Беџети во изјавата „не ни требаат инвестиции како досегашните со потпросечни балкански плати и со поголеми субвенции отколку придобивки“, се поклопува со залагањето на Анѓушев за инвестирање во македонски компании и македонската индустрија.

Анѓушев како стопанственик кој што создаде моќна групација, Фероинвест со инвестирање во македонски компании кои се на раб на пропаст, како велешки Брако, и со создавање на нови компании преку искористување на капацитети на земјата во одредена индустрија, како ЕДС и МХЕ (Мали хидорцентрали), ја застапува и практикува токму оваа теза. Со ваквите изјави се анулираат и двојбите околу позицијата и улогата на Анѓушев како Вицепремиер за економски прашање.

Наспроти изјавите и полемиките околу потребата од ваква позиција во владата и дека бизнисмен на оваа позиција ќе го занемари социјалниот елемент во економскиот сектор, се мислењата и ставовите на експертите дека токму човек со иксуство, знаење и контакти ѝ е потребен на македонската економија во овој период.