Заев го доби мандатот и составува влада, а Груевски се уште најавува инвестиции

И покрај тоа што вчера лидерот на СДСМ Зоран Заев го доби мандатот и започна со преговори за состав на нова влада, лидерот на ВМРО-ДПМНЕ и екс-премиер Никола Груевски не престанува да најавува инвестиции.

Тој денеска најави дека турската компанија од автомобилската индустрија „Чагатај кабло“ за месец и половина ќе почне со изградба на капацитет во Македонија.

– Договорот за инвестицијата  се потпиша вчера, а градбата ќе почне во јули и ќе се протега на 6.700 метри квадратни.  Компанијата ќе инвестира 6 милиони евра  и ќе овозможи вработување на 200 луѓе во првата фаза, а размислуваат и за втора фаза. Истата компанија во Турција има фабрика која се протега на 14.000 метри квадратни, рече Груевски.