Америка лежи на темпирана бомба

Под државата Вермонт во Америка се формирал огромен „балон“ од магма која постепено се издига на површината, покажало истражувањето на група американски геофизичари од Ратгерскиот универзитет.

Користејќи ертскоп, сет од илјада апарати кои ја регистрирале сеизмолошката активност под целиот северноамерикански континент, научниците откриле дека „магматската бомба“ се наоѓа во централниот дел на државата Вермонт и се протега на запад до Њу Хемпшир и Масачусетс.

Податоците од ова истражување ги има објавено магазинот „Геосаенс ворлд“.

Според оценките на геофизичарите, дијаметарот на тој „балон“ изнесува 400 километри и се наоѓа на длабочина од 200 километри, а се работи за прилично „млад“ геолошки феномен.

 

Scroll to Top