Баба се ослободила од сите болести пушејќи марихуана

Седумдесетгодишната баба од Ванкувер, Керол Френси, повеќе од пет децении употребува канабис. Вели дека тоа е лекот за нејзината извонредна здравствена состојба.

Според Френси, таа пуши марихуана за ублажување разни болни состојби, како што се артритисот, ишијасот и несоницата. Френси додала дека досегашните лекови ѝ предизвикуваат нарушување на рамнотежата и ѝ направиле проблеми во говорот.

Но, користењето на разните облици на канабис се покажале корисни во ублажувањето на нејзините состојби и тоа без непосакуваните нуспојави што ѝ се појавиле од лековите.

„Ги фрлив во ѓубре сите мои таблети. Тие предизвикаа нарушување на мојот говор и влијаеја на мојата рамнотежа. Сега земам малку концентрирано масло од канабис, кое ме опушта. Тоа ја убива и ја спречува болеста. Канабисот ги лекува мојот артритис, болките и недостигот на сон. Ќе вдишам дим од марихуана и после тоа може да се движам. Мора да им се помогне на старите луѓе да имаат подобар квалитетен живот. Канабисот помага да се надвладеат тегобите од ден на ден“, изјави Френси за „Дејли мејл“.

Френси почнала да го користи канабисот од својата 17. година, но тоа не го објавила јавно поради стравот дека ќе ѝ биде нарушен нејзиниот углед, поради тоа што порано работела како советничка за лекување од дрога и алкохол. Бабата водела кампања за изгласување на законот за легализација на канабисот во земјата и ги охрабрува другите корисници на канабисот да излезат во јавност.

Анализата покажала дека марихуаната ги ублажува анксиозноста и депресијата

Голем број истражувања покажале многу благотворни влијанија на канабисот. На пример, сеопфатната анализа објавена во списанието Clinical Psyhology Review покажала дека земањето на медицинскиот канабис е корисно за лекување на симптомите поврзани со посттрауматските стресни нарушувања (PTSP), социјална анксиозност и депресија.

Тимот истражувачи направиле 31 студија како дел од предлегот и утврдиле дека спојката од канабидиолот во канабисот содржи можен антидепресивен и антианксиозен ефект. Исто така, спојот помогнал да се спречи континуираното враќање на трауматскиот настан кај болесните од PTSP.

Спојот исто така е познат по тоа што ги ослободува заболените од PTSP од стресот. Утврдено е и дека канабидиолот е подобар од алкохолот и лековите од кои се зависни пациентите.

Друга студија покажала дека канабисот помага да се ублажи хроничната болка

Студијата објавена минатата година покажала дека медицинската употреба на канабисот ефективно ги намалува воспалението, отоците, напнатоста и болките во мускулите.

Тим канадски здравствени експерти во склоп на студијата испитале 216 возрасни лица заболени од хронични болести.

Пациентите добиле цветови, концентрат или канабис во текот на траењето на студијата. Резултатите се споредени со контролна група од 216 здрави пациенти.

Пациентите што зеле лекови од канабис имале значително намалување на болките и зголемен квалитет на животот, објавиле научниците.

Исто така, пациентите во групата што употребувала канабис постигнале намалување на анксиозноста, депресијата и заморот.

Истражувачкиот тим заклучил дека канабисот не само што ја намалува физичката болка туку ја ублажува и болката од психолошка природа.

 

Scroll to Top